На кое место е Македонија? Еве ја листата на најскапите патарини во Европа!

На кое место е Македонија? Еве ја листата на најскапите патарини во Европа!

20. 12. 2022.

За секое планирање на буџет за патување со автомобил, мотор, камион, освен трошокот за гориво, не треба да го заборавите и трошокот за патарини.

Британскиот Northgate направил анализа на 44 држави во Европа за цени на чинење на патарини, мостарини и тунели, со цел да ја открие најскапата рута. Па така, додека во Финска и Монако не се наплаќаат патарини, a во Естонија патарина плаќаат само возила потешки од 3,5 тони, Франција ги има најскапите патарини.

На листата на држави со најскапи патарини, по Франција следува Италија, на трето место е Норвешка, па Данска и Шпанија. Од шесто до десето место се: Грција, Хрватска, Швајцарија, Белорусија и Полска.

Во Франција за патување од Париз до Марсеј по автопат А6/А7 (775 km), за патарини ќе платите околу 64 евра, а пак во Италија за патување од Милано до Неапол (774 km) патарините ќе ве чинат околу 60 евра.

Македонија е последна, најисплатлива на листата, наведувајќи дека патарина од Петровец до Велес чини малку повеќе од 1 евро. По нашата држава, веднаш над неа се Шведска и Црна Гора со малку поскапи патарини.

Целата листа со сите држави опфатени во анализата може да ја погледнете ОВДЕ.