Од 200 тестирани основци за Ковид-19, само едно дете било позитивно – ова е резултатот од првиот ден скрининг во скопските училишта со брзи тестови, кој ќе продолжи во понеделник.
Здравствените власти се задоволни од реакцијата на родителите, а за потребните 1000 анализи добиле над 4000 согласности. „Доколку ваквиот тренд продолжи, тогаш ќе нема потреба од продолжување на овие анализи кај учениците“, изјави министерот за здравство, Беким Сали. „Она што го гледаме е дека повеќето држави одржуваат настава со редовност, нема онлајн настава, но меѓутоа за да бидеме релевантни и да не настане штета по нашите деца сепак овој скрининг ќе ја покаже вистинската насока по која се движиме“, изјави д-р Владимир Рендевски, заменик министер за здравство. Извор.ticka.com.mkСкрининг во училиштата:Од 200 деца само едно позитивнo
Актуелно
-
Дали српските туристи летово ќе ја избегнат Македонија на патот кон Грција?
Одлуката Бугарија да влезе во Шенген зоната на 1 јануари 2025 година, со која се укинаа граничните контроли меѓу Бугарија и Грција, отвори нови дилеми кај српските туристи кои ги планираат летните одмори на грчките плажи.
-
Професионалните возачи бараат да не бидат третирани како туристи во ЕУ
Поради бројните гранични и други транспортни проблеми во Шенген зоната
-
Шумските пожари во Бразил лани уништиле вкупна површина поголема од Италија
Шумските пожари во Бразил минатата година зафатија вкупна површина поголема од целата територија на Италија, објави денеска платформата за мониторинг МапБиомас.
-
Поскапува претплатата на Нетфликс
Нетфликс ќе ги зголеми претплатите во повеќе земји откако бројот на корисници се зголеми за речиси 19 милиони во последните месеци од 2024 година.
-
Шпанија ќе воведе данок од 100 отсто при купување на имот
Санчез минатата недела рече дека Шпанија би можела да воведе данок без преседан до 100 отсто на имотот донесен од луѓе надвор од ЕУ.
-
Нови линии од скопскиот аеродром до Париз и Женева
Министерството за транспорт денеска (22 јануари) соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје - Женева и Скопје - Париз (аеродром Орли).