Од 22.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56 % во однос на Одлуката од 14.2.2022 година.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 0,508%, кај дизелот за 0,092% , кај екстра лесното масло има намалување за 0,337% и кај мазутот зголемување за 0,389% .
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.02.2022 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,430 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.
Од 22.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,921 (денари/килограм)
извор: kurir.mk