Во фокусот на оваа наша анализа се компарациите на пензиите и на условите за пензионирање меѓу земјите од Западен Балкан и дополнително Хрватска, како земја од поранешна Југославија која меѓу последните се придружи на Европската унија.
ПРОСЕЧНА ПЕНЗИЈА И СТАРОСЕН УСЛОВ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ
| ЗЕМЈА | ПРОСЕЧНА ПЕНЗИЈА | ВОЗРАСТ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ (МАЖИ) | ВОЗРАСТ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ (ЖЕНИ) |
|---|---|---|---|
| Македонија | 16.297 | 64 | 62 |
| Србија | 15.342 | 65 | 63 години и 4 месеци |
| Црна Гора | 18.000 | 66 | 64 |
| Босна и Херцеговина | 15.390 | 65 | 65 |
| Албанија | 7.750 | 65 | 60 години и 4 месеци |
| Хрватска | 24.273 | 65 | 63 |
(вредностите се конвертирани во денари)
Во Македонија има 326.841 пензионери, а просечната пензија е 16.297 денари, покажуваат податоците за јануари што ги објави Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Притоа, најниските пензии се 10.276 денари и ги имаат 3.143 пензионери, додека највисоките се по 59.647 денари, а ги имаат само 69 пензионери. Право на пензија може да се оствари со навршени 64 години возраст и најмалку 15 години стаж, а жените може да изберат да во пензија на 64 или на 62 години.
Во Србија има 1.660.460 пензионери, а просечната пензија во декември 2021 година (за тогаш има последни податоци од трсна на на Републичкиот фонд за пензиско и инавлидско осигурување на Србија) е 29.365 динари (15.342 денари).
Владата на Србија на 20 јануари донесе одлука да исплати парична помош во износ од 20.000 динари (10.450 денари) на сите корисници на пензија.
Границата за пензионирање на жените од 1 јануари годинава се помести за два месеци, така што условот за жените во 2022 година е 63 години и четири месеци старост и најмалку 15 години осигурување. Истите услови како порано и годинава важат за мажите – 65 години старост и најмалку 15 години стаж на осигурување.
извор: pari.com.mk

.jpg)