Ако жител на Велес работи во Скопје и патува со автомобил, само за патарини годишно би дал над 58.000 денари
Доколку се патува со автомобил за Штип преку Миладиновци, вкупниот трошок за патарини од Скопје до Штип изнесува 160 денари во еден правец.
Имено на наплатната рампа кај Миладиновци треба да се платат 40 денари за патарина.
Цената на патарината во Преод ќе чини 50 денари, додека кај Кадрифаково ќе чини 70 денари, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.
„Цената на патарините се утврдува според законот, по километар – 2.57 денари“, изјави Рустеми.
Тој посочи дека патарините на оваа релација ќе бидат со електронско плаќање.