Февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари до 01 март.
Готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во четири групи (во 4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24.02.2022 година (четврток);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2022 година (петок);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2022 година (понеделник); и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.03.2022 година (вторник)
извор: skopskoeho.mk