
Пар во САД добро ќе го памети вчерашниот ден бидејќи им се родила ќерката Руби. Малото девојче се роди на 22.02.2022 во 2 часот и 2 минути попладне.
Дека животот на Руби ќе биде обележан со бројот два, говори и податокот дека дента таа била второто родено бебе во болницата, а второ и на нејзините родители.
Американските медиуми пренесуваат дека мајката и бебето се чувствуваат добро, а од болницата објавиле фотографија.
Инаку, вчерашниот датум создава редок осмознаковен палиндром, односно број кој е прочитан во двете насоки има исто значење. 22.02.2022 и од лево кон десно и обратно доколу читате е исто.
Во некои посебни фонтови датумот е и анбиграм, па можете истото да го прочитате и ако го свртите екранот.