Светската здравствена организација објави дека основала центар за обука во Јужна Кореја за земјите со низок и среден приход кои сакаат да произведуваат свои вакцини и лекови против коронавирус.
Новиот центар за обука беше основан откако агенцијата на ОН формираше центар за трансфер на технологија во Кејп Таун минатата година за на фабриките од сиромашните земја и земјите со средни приходи да им се пренесе знаењето за производство на вакцини за Ковид-19 врз основа на mRNA технологијата.
Новиот центар во предградието на Сеул ќе едуцира експерти од оние земји кои сакаат да произведуваат свои вакцини, инсулин и моноклонални антитела, изјави за новинарите генералниот директор на СЗО.
Центарот во Јужна Кореја веќе спроведува обука за компании со седиште во земјата, а сега ќе прима експерти од други земји.
СЗО, исто така, објави дека уште пет земји - Бангладеш, Индонезија, Пакистан, Србија и Виетнам - ќе добијат поддршка од центарот за трансфер на mRNA технологијата од Јужна Африка.
Минатата недела, шест африкански земји - Египет, Кенија, Нигерија, Сенегал, Јужна Африка и Тунис - го потпишаа првиот африкански договор за пренос на технологија за производство на mRNA вакцини според меѓународните стандарди.
Тедрос рече дека 20 земји досега изразиле интерес за обука за производство на mRNA вакцини во Јужна Африка.