48- годишен Италијанец откако имал недоразбирање со својата сопруга, излегол да се смири на прошетка долга 450 километри, која траела една недела. Човекот ја напуштил својата куќа во Комо и се упатил кон југот на Италија, поминувајќи ја Болоња, за да биде запрен од полиција во градот Фано, на Јадранското крајбрежје.
Полицијата го запрела во 2 часот наутро, бидејќи го прекршил ноќниот полициски час во Италија. Потоа, полицајците ја откриле неговата бизарна приказна, бидејќи сопругата имала поднесено пријава за исчезнато лице, пренесува италијанскиот весник “Il Resto del Carlino.”. Човекот бил свесен, но уморен и изјавил дека не сфатил дека имал поминато толку многу километри, а храна добивал од луѓе кои ги среќавал по патот.
Социјалните мрежи го нарекле “Италијански Форест Гамп”, а на оваа несекојдневна прошетка си заработил и казна за прекршување на полицискот час во износ од 400 евра. Од страна на полицијата бил сместен во хотел, а следниот ден неговата сопруга тргнала на пат од 450 км за да го врати дома.