Планетариумот во МКЦ, по двегодишна пауза, од утре, 1. март, повторно ќе почне со работа. Повторно ќе имате можност да учите за планетите, за ѕвездите, за сите светли и темни нешта во вселената.
Предавањата ги реализираат предавачите Моника Пешевска и Радан Митровиќ. Предавањата се адаптирани според возраста на посетителите.
Условите за посета на Планетариум се во согласност со постоечките официјални протоколи за справување со пандемијата предизвикана од Ковид 19.Максимален број на посетители на едно предавање во Планетариум е 30 лица.
Сите посетители треба да носат заштитна маска за време на предавањата.