Скопјани од денеска плаќаат поевтино за паркирање на зонските паркиралишта кои се во надлежност на „Градски паркинг“.
Од денеска цената за паркирање во зона А0 од 100 денари за час се намалува на 75 денари, во зона А од 50 на 40 денари, во зона Б наместо 40 ќе се плаќаат 30 денари на час, додека во зоните Ц и Д паркирањето поевтинува од 30 на 25 денари за час.
Со новата одлука не е опфатено паркирањето во катните гаражи на ЈП „Градски паркинг“, каде цената и понатаму останува непроменета.
Претпријатието од денеска за потребите на граѓаните ја става во употреба и шлеп-службата по комерцијална цена од 1000 денари за патничко моторно возило.
За користење на оваа услуга, како што велат од „Градски паркинг“ граѓаните може да се јават на телефонскиот број 02 3246 51 56, од понеделник до сабота, во период од 8 до 22 часот.
извор: slobodenpecat.mk