Зошто работата на брод може да биде "брутална"? Реалноста е далеку од оние фотографии со рајски плажи што ги гледаме на Фејсбук и Инстаграм...
Работата на брод звучи како одлична можност за оние што сакаат да патуваат и да го истражуваат светот.
Но, реалноста не е само рајски плажи и магични улички и работата на брод е далеку од гламурозна, открива адвокатот Џим Вокер, кој ги застапува вработените на крузерите во случај на повреда на работните права.
Условите за работа се тешки
Најчесто договорите се потпишуваат на 6 до 8 месеци, работниците работат по 7 дена во седмицата и по минимум 12 работни часа на ден и заработуваат од 500 евра до 1.770 евра месечно отприлика.
„Тие работат премногу и се платени премалку за нивниот труд“, вели адвокатот Џим Вокер.
Работните места на брод од типот на келнери/ки и чистач/ки бараат голема физичка ангажираност, а работниците не добиваат соодветна медицинска нега во случај на повреда.
Често им се даваат апчиња против болка и тие мора веднаш да се вратат на работа, дури и кога нивната повреда бара сериозно внимание.
Некои од работниците дури и се плашат да пријават дека имаат здравствен проблем за да не го изгубат работното место. Тие не се жалат од лошите работни услови затоа што се плашат дека потоа нема да добијат нов договор.
Најлошо се третирани најслабо платените работници кои се од земјите со ограничени економски можности и немаат избор.
„Додека во нивните држави може да заработат неколку стотици евра, за истиот период на брод може да заработат и неколку илјадници евра, па можноста да заработат добри пари им дава волја да го издржат страдањето“, вели Вокер.
Компаниите што работат со крузери ги регистрираат своите бизниси во земји ако Бахамите, Панама и Бермудските Острови, каде законите за заштита на работниците се релативно лабави.
Тие често вклучуваат клаузули во договорите на вработените со кои се заштитуваат и ја ограничуваат способноста на вработените да ги тужат.
Сето ова искомбинирано работата на брод ја прави тешка.