
Од ИЈЗ вчера информираа дека се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19
Комисијата за заразни болести, според најавите, денеска ќе одржи состанок, на кој ќе се расправа за епидемиолошката состојба со КОВИД-19 во земјава. Последните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека во државава има 3431 активни заболени со ковид-19, од кои 1840 се во Скопје.
Од ИЈЗ вчера информираа дека се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19. Минатата недела се регистрирани 3.702 нови позитивни случаи, што е намалување од 39,5 отсто во однос на претходната седмица.