САСА, како најголем стопански капацитет во нашата општина и пошироко, има големо значење за локалниот економски развој и обезбедува социјална сигурност за голем број семејства, што е особено важно во сегашните турбулентни времиња.
Во изминатиот период, во САСА набавена е нова современа рударска опрема и технологија за производство, во дигитализација на одредени работни процеси, во системот на безбедност и заштита при работа, како и во натамошно унапредување на стандардите и условите за работа и на професионалниот развој и благосостојбата на вработените.
„Ни претсавува задовство шго го пречекавме градоначалникот на Македонска Каменица во САСА. Свесни сме за симбиозата што постои помеѓу рудникот и локалната заедница и затоа од суштинско значење е да ги одржуваме и понатаму да ги надградуваме силните односи што ги имаме во Македонска Каменица и на национално ниво. Преку ваквите посети и директната комуникација, имаме можност да ги претставиме пред институциите нашите развојни проекти, како и проектите за поддршка на заедницата, со што се отвора патот за нивна побрза и поефикасна реализација, што е добро за сите – како за компанијата и за нејзините вработени, така и за локалната заедница и за земјата во целина, затоа што успехот на САСА, значи успех за сите“, вели генералниот директор на САСА.
Доколку и Вие сакате да бидете дел од тимот на иноватори и саката да придонесте за успехот на САСА, погледнете ги сите отворени позиции што се нудат во моментот. Сите детали се наоѓаат на ЛИНКОТ.
извор: biznisvesti.mk