По препорака од надлежната комисија на епидемиолози, Грција ја укина мерката за задолжително носење маска на отворено, одлука што утрово стапи во сила.
Министерот за здравство на Грција, во средата рече дека со укинувањето на задолжителното носење маска на отворено започнува постепеното олабавување на мерките во земјата.
Оценуваме дека до крајот на март ќе бидат укинати поголемиот дел од постоечките рестрикции и ако вака продолжи пандемијата и се потврдат предвидувањата, Велигден и лето ќе бидат многу блиску до нормалата за вакцинираните, истакнувајќи дека сепак, рестрикциите и ограничувањата за невакцинираните ќе останат непроменети.
Во рамките на постепеното олабавување на мерките, за десет дена, односно од 15 март 2022 година ќе се укине и формуларот PLF (Passenger Locator Form) за патување во Грција, што веќе 20 месеци е задолжителен за влез во земјата, без разлика дали станува збор за грчки државјани или странски туристи.
извор: skopjeinfo.mk