Изминативе денови имаше редици пред маркетите, граѓаните правеа залихи, најмногу купуваат брашно, шеќер, сол, масло за јадење, направивме споредба на цените во маркетите во соседството, кој плаќа најскапо за основните производи за живот.
Анализата која ја направивме споредувајќи ги цените во маркетите на основните прехрамбени производи како масло за јадење, брашно, шеќер се најевтини кај нас. Во сите земји од регионот, најскапо е маслото за јадење, цена за литар е повисока дури и од евро дизел горивото. Во Хрватска, литро масло за јадење можеше да се купи за 2,2 евра, во Црна Гора 1,89 евра, во Косово и БиХ литро зејтин чини 1,77 односно 1,76 евра, во Србија 1,7 евра, а кај нас литро масло за јадење чини 1,5 евра.
Најевтини кај нас се и другите основни продукти, цената за килограм брашно е под 1 евро, односно 0,60 евра, иста цена е и брашното во Србија, во Хрватска е 0,65 евра. Најскапо брашно купуваат во Косово, за килограм граѓаните плаќаат по 0,87 евра. Во Хрватска килограм шеќер чини 1,05 евра, во Косово 0,87 евра, Црна Гора 0,84 евра, килограм шеќер во БиХ е 0,79 евра, во Србија 0,76, а најевтин е шеќерот во Македонија, килограм може да се купи за 0,65 евра.
Засега и цената на горивото е најниска во нашата држава, литар евро дизел чини 1,22 евра, во Србија цената е 1,52 евра што е најскапо во земјите од Западен Балкан. Одлуката на Владата за ограничување на маржите на производите треба да ги држат стабилни цените на производите. Мерката на Владата утврдува пет, односно максимум десет проценти маржа на продажните цени на поголем број основни производи.
извор: centar.mk