Кога помислуваме на дијаманти помислуваме на богати луѓе или на рудари кои вадат сурови дијаманти во многу тешки услови, За жал, индустријата за производство на дијаманти загрижува многумина поради начинот на кој што се произведуваат.
Сега стартапот Aether Diamonds од Њујорк, кој е основан во 2018 година, стана првиот производител на атмосферски јаглерод диоксид за производство на одржливи дијаманти.
Според Aether, за еден карат дијамант потребни се 20 метрички тони CO2 од атмосферата. Тие користат повеќе процеси како директно заложување на отровниот гас од воздухот и други методи, со што просечниот карбонски отпчеаток на американците може да се намали за 1,25 години.
Овој начин на производство помага во борбата против климатските промени и исто така помага и индустријата за дијаманти да не ги нарушува човековите права.
Директното заловување на гасот од атмосферата било мисијата на Aether од самиот почеток. Компанијата е основана откако основачите дознале за таквиот метод во 2018 година и почнале да истражуваат начини за производство на дијаманти од тој гас. Целта им била да продаваат доволно дијаманти за да го поддржат пазарот за директно заловување на CO2.
Компанијата минатата година произведла стотици карати дијаманти и почнале да ги испорачуваат првите дијаманти до купувачите на средината на 2021 година. Сега Aether планира да произведе илјадници карати во 2022 година.
извор: inovativnost.mk