
Имено, станува збор за производ на компанијата „Кејотик мун“ (Chaotic Moon) – биотехнолошки уред кој ќе може да анализира и собира информации од човечкото тело. Иновативна „електронска тетоважа“ што може да складира здравствени информации со кои ќе можеме да ги спречиме и контролираме заболувањата и, со текот на времето, да ги подобриме работите како што тоа го прават спортистите. Иако оваа „е-тетоважа“ е сè уште во развојна фаза, познато е дека ќе се нанесува на кожата со помош на мали сензори и придружни микроуреди коишто испраќаат и примаат важни податоци со помош на специјално мастило коешто спроведува струја.
Бил Гејтс ја замислил оваа технологија и како делотворен начин за остварување повици, испраќање пораки и проверување електронска пошта. Иако сè уште не знаеме кога ќе пристигне првата ваква „тетоважа“, Гејтс и тимот бараат начин таа да се користи за што повеќе задачи што ги извршуваат денешните паметни телефони.

.jpg)