Дали зимата заминува или не, погледнете ја деталната временска анализа
Вторник 15.03.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури сеуште ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -4 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Среда 16.03.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со умерена облачност. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, што значи дека ќе бидат повисоки за разлика од другите утрини. Значително повисоки ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со појава на локален дожд и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури и тоа поради облачноста ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7 степени, додека максималните ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите два дена и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.