Дел од автобуските превозници од Охрид и Струга ги зголемија цените на автобуските билети во меѓуградскиот и меѓународниот сообраќај за 20%. Ако до пред само неколку дена, повратна карта од Скопје до Охрид беше 900 денари, сега изнесува 1100 денари.
Во Охрид се зголеми и цената на општинскиот градскиот превоз, а во Струга за 20% порасна цената на такси превозот. Со одлука на Советот на општина во Струга има зголемување и на цените кон селските средини, помеѓу 25 и 100 денари во зависност од оддалеченоста.
Превозот на патници во државата има катаклизмични проблеми моравме да се одлучиме на тој непопуларен чекор. Очекувано е да има намален интерес,но ние едноставно моравме да го направиме тоа, бидејки навистина бевме на раб на исплатливост со старите цени.
извор: zelenaberza.com.mk