Со измените на Законот, растот на пензиите ќе се усогласува по два односи, односно со порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата.
Законските измени кои ќе обезбедат повисоки пензии и континуиран раст во иднина, се изгласаа во Собранието. Речиси 330.000 пензионери ќе имаат историски највисоки пензии и во просек во домашниот буџет ќе имаат околу 12.000 денари повеќе на крајот на годината. Воедно, со финансиска поддршка обезбедена за наредните 3 месеци, пензионерите ќе имаат и дополнителни 3000 денари за справување со последиците од кризата.
Усогласувањето ќе се спроведува на први март и први септември секоја година.
извор: lokalno.mk