Дали сте слушнале за "workation"? Велат дека ваквиот начин на работа за многумина е иднината. Го сакаат и работодавaчите и вработените, а кои се недостатоците и предностите сега ќе дознаете.
Пандемијата влијаеше на различни социјални аспекти, вклучувајќи го и работниот режим. Се чини дека никогаш не сме се соочиле на неконвенционален облик на бизнис побрзо и полесно – далечинско работење, а веќе сме пред нов термин.
Како комбинација од зборовите „работа“ и „одмор“, овој нов термин не значи работа додека сте на одмор, туку напротив - да добиете нов вид слобода.
Имено, современите технологии донесоа бројни предности, целосно менувајќи го концептот на бизнисот, правејќи го пофлексибилен.
Вработените кои се одлучуваат за „флексибилна работа на далечина“ се еден вид понапредни дигитални номади. Еве за што станува збор: трендот почна “срамежливо” да се пробива уште пред короната, но смислата ја добива подоцна.
Го сакаат и работодавачите и вработените, бидејќи им помага да ги намалат трошоците поврзани со киријата, а во исто време ја поттикнуваат работата од каде било на планетата. Не е важно дали работите од дома или од туристичко место, а поборниците на оваа идеја велат дека е добро и од „еколошка страна“, бидејќи нема дневни патувања до работа со автомобил или авион.
"Workation" се разликува од трендот на дигиталните номади кои патуваат низ планетата, не мора да имаат база во некоја земја и да работат со полно работно време на лаптоп. Во поактуелната форма на работа, вработените може да имаат помалку обврски во текот на денот, а работниот период е ограничен на неколку дена или недели.
Овој тренд го зафати Google минатата година, кога на работниците од компанијата им беа понудени 4 недели работа, без разлика на одморот. Резултатите беа изненадувачко добри.
Заклучокот е следен: Луѓето на кои им е дозволена ваква работа се пофлексибилни - често покреативни и попродуктивни, иако треба да се посочи на некои недостатоци: на пример, границата помеѓу приватното и деловното време лесно може да се „помеша“.