Најстудено изутринава во државава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -11 степени.
По што следат Маврови Анови со -10, Берово – 8, Kрушево и Крива Паланка со – 7. Минус шест степени под нулата се регистрирани во Скопје-Петровец, – 5 во Куманово и Штип, -4 во Претор, Тетово, Прилеп, Виница и Демир Капија, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Гевгелија, а – 2 во Струмица и Охрид, 0 во Дојран, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На Попова Шапка има 46 сантиметри снег, 38 во Крушево, 31 во Маврови Анови.
УХМР најавува дека времето денеска ќе биде сончево, студено и ветровито, со мала до умерена облачност поголема во јужните делови. Во крајните јужни делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.