Од Белград до Нови Сад за 36 минути – Србите пуштија во употреба супер брз воз​

Од Белград до Нови Сад за 36 минути – Србите пуштија во употреба супер брз воз​

20. 03. 2022.

Пругата Белград-Нови Сад, во рамки на меѓународната пруга Белград – Будимпешта e пуштена во сообраќаj

Пругата Белград-Нови Сад, во рамки на меѓународната пруга Белград – Будимпешта, пуштена е во сообраќај, а во првиот брз воз на оваа релација, кој го носи името “Соко”, се возеа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Возот на оваа линија ќе сообраќа со максимална брзина од 200 километри на час, а според најавеното ќе има пет линии дневно.

Новиот воз има сјуарди и стјуардеси, кои ќе послужуваат кафе, чај и храна, а возот има и бесплатен интернет.

“Ова дополнително ќе ги зближи Србите и Унгарците, Будимпешта ќе ни биде на два до два и пол часа. Неверојатно е каква врска ќе биде тоа. Пресреќен сум, ова е за нас историја”, изјави српскиот претседател.

извор: think.mk