Електраната е во пробен период и наскоро ќе биде вклучена во електроенергетскиот систем. Последни подготовки се вршат на терен пред пуштањето во процес на производство на новата 10-мегаватна фотонапонска електрана Осломеј.
Електраната се наоѓа во пробен период и наскоро ќе биде вклучена во електроенергетскиот систем.
Ова е прва сончева електрана во целосна државна сопственост, односно во сопственост на АД ЕСМ, се вели во соопштението од државната компанија за производство на електрична енергија.
Во моментот во тек е реализација на фотонапонска електрана од 100 MW со јавно-приватно партнерство, исто така на локации на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК Осломеј.
извор: plusinfo.mk