Општина Гевгелија го објави конкурсот за стипендирање на пет студенти од општината запишани на прва година, поточно во првиот семестар на медицинските факултети во земјава во студиската 2021/22 година.
Одлуката за распишување на конкурсот ја донесе Советот на општина Гевгелија а според условите, студентите од прва година на Општа медицина може да ги поднесуваат апликациите најдоцна до 8 април во архивата на општина Гевгелија, или, пак, по пошта на адреса на локалната самоуправа во Гевгелија.
Износот на стипендијата е утврден на 6 000 денари месечно и ќе се доделува согласно потпишан договор за стипендирање во период од десет месеци, за време на академската година.
Средствата за стипендирање на петте студенти по Општа медицина ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година.
извор: biznisvesti.mk