За добрите дела, далеку се слуша, а најубаво е и да се напише за да се потсетиме на солидарноста во вакви тешки времиња.
Кој прошетал низ Лептокарија во Скопје, можеби го затекнал овој човек. Дедо Исмаил е речиси 40 години бездомник. Тој постојано се „вртка“ околу гимназијата „Никола Карев“, во придружба на своето куче. Истоштен, стар, полуслеп, овој човек е речиси приказ на една тажна судбина која секојдневно ни поминува пред очи.
Но, како што пренесе една професорка од ова средно училиште, децата направиле подвиг со кој ја враќаат вербата во човештвото.
Тие му оставаат сендвичи, храна, која ја дели половина со неговиот верен другар, кучето.
Учениците од Карев разговарале со него за животот, здравјето, потребите. Скромен, Исмаил вели дека не му треба ништо освен чист џемпер и маица. За кратко, Каревци го однеле во првата берберница каде го избричија и дотераа тамошните вработени.
„Горда сум на вас деца, знам колку е убаво чувството кога теоријата ја оставате во училница. Делата се битни!“ – сподели професорка од ова скопско средно училиште.
Секоја чест, ученици!
извор: slobodenpecat.mk