Крушево ја почнува реализацијата на 30 месечниот проект за меѓугранична соработка со Елбасан од Албанија, насловен „Крушево и Елбасан, призната туристичка дестинбација“, што ќе значи збогатување на туристичката понуда, главно по авантуристичкиот туризам.
Експертите ќе изработат заедничка стратегија за туризмот на овој Регион, Крушево-Елбасан, во која ќе се дефинираат конкретни туристички патеки. Во инфраструктурната компонента, ја подготвуваме тендерската документација за изградба на паркинг-просторот кај Центарот за параглајдинг во Крушево, а истовремено и за изградба на Туристичко-информативен центар во Елбасан и параглајдинг простор за полетувалиште во областа Фјунар. Во Крушево ќе се изгради даунхил патека, ќе се постават 200 лед светилки низ градот кои ќе значат сигурен пристап на туристите до сите културно-историски знаменитости. Ќе се постават и две станици за мерење на квалитетот на воздухот. За промоција, исто така, се подготвуваат тендерските постапки за ангажирање соодветни оператори за интегрирана промоција на регионот како дестинација. Градежните активности во поглед на инфраструктурните зафати почнуваат за околу два месеца.
Покрај тоа што Крушево е меѓу трите светски дестинации, познати и признати за параглајдинг и змејарство, оваа година одиме со проектот „Признаена и посакувана туристичка дестинација“ и препознатлива од ЕУ. Од една страна, ова значи одржливост на проектот и на локалната економија во Крушево, а од друга, проширување на содржините кон авантуристичкиот туризам, како што се „маунтинбајк“ патеките.
Крушево ова лето ќе живее во духот на параглајдерството и змејарството. Имаме и бројни манифестации кои ќе обезбедат сите посетители да се чувствуваат и добредојдено и да ги има во голем број наредниот период. Ова лето се организраат многу настани – трета година ќе се одржи пливачкиот маратон, ќе имаме повеќе настани за планинарење, трчање, возење велосипед, манифестацијата „Кога си во Крушево“, традиционалната „10 дена Крушевска Република“.
извор: alsat.mk