Платата, работното време и недоволната обука главни причини за недостиг на келнери
Потрагата по келнер за најголемиот број кафулиња, ресторани и хотели претставува невозможна мисија, особено за време на летната сезона кога побарувачката за оваа професија е многу поголема.
Како главна причина за постоењето на овој тренд е постојаниот недостиг не само на искусни, туку и на нови кадри што пак е последица од искривената перцепцијата за оваа професија, како таква од која не може многу да се заработи, а за кариера во истата не се ни размислува.
Мотивирани од оваа проблематика решивме да истражиме кои се причините кои би го мотивирале работобарателот да започне со работа како келнер.
На анкетата “Дали би работеле како келнер?“ објавена на порталот www.vrabotuvanje.com.mk од 25 јуни до 9 јули дури 31 процент од вкупниот број на испитаници (497) одговориле дека се подготвени да работат како келнер само доколку им биде понудена поголема плата.
8 проценти од испитаниците како основен фактор за работа како келнер го одбрале работното време, а 12 проценти се подготвени да бидат келнери, но само привремено додека не најдат друга работа.
Процентот на испитаници кои сакаат да работат како келнер само доколку имаат соодветна обука е 8 проценти.
Највисок е процентот на оние кои воопшто не сакаат да работат како келнери (40 проценти), а еден од одговорите на анкетата е: “Не учев факултет за келнер да бидам, ако е до келнер бегам во странство“.
Угостителите постојано се жалат на недостиг на персонал посебно во ек на сезона и празнични денови, а оваа анкета го лоцира најголемиот проблем: платата.
Но, тука угостителите пак се категорични: Добриот келнер може да заработи многу повеќе од бакшиш, но само ако умее...
-Љубезноста, брзината на нарачката, точноста на нарачката, знаењето за сите понуди во менито, умешноста да се биде достоинствен во работата, лојалноста, но и чесноста... тоа е она што им недостасува на денешните келнери – велат угостителите, а и гостите.
Решението е во соодветна обука, но за жал нашиот образовен систем не им овозможува многу алтернативи на младите кои сакаат да се развиваат себеси во оваа дејност во согласност со светските стандарди.
А кој не сака да биде вистински професионалец со меѓународно признат сертификат кој ќе му обезбеди брзо вработување и добра заработка?
Тренинг центарот Академик им овозможува на сите професионалци, но и почетници без работно искуство да се стекнат со потребните вештини и да го добијат најдоброто од оваа професија преку еднодневните, тридневните и тринеделните обуки по швајцарски стандарди. Она што ќе го добиете од обуките е знаење од врвни мастер обучувачи и меѓународен сертификат кој се препознава како знак за квалитет во Македонија, но и во целиот свет.