Поради обновениот зголемен интерес за деловни и туристички патувања, побарувачката за станови за краток престој „оживеа“ преку ноќ, особено сега пред почетокот на летната сезона.
Изнајмувањето стан за еден ден е добра можност да заработите дополнителни пари кои ќе бидат додаток на буџетот, а иако има свои недостатоци, овојпат ќе се задржиме на придобивките.
Она што во меѓувреме се промени, откако издавањето стан за краток престој како опција згасна поради пандемијата и мерките - е што многу недвижности денес се издаваат за работа, односно како апартмани за работа.
Во тој случај потребни се уште помалку инвестиции отколку кога се работи за опремување станбена единица за живеење.
Постојат неколку причини зошто издавањето станови за краток престој станува популарно:
1) локација
2) цена
3) чувството „како дома“
4) можност за собирање повеќе луѓе
5) помалку строги правила отколку, да речеме, во хотел
Исто така, со попуштањето на мерките се враќаат концертите, фестивалите и слични културни манифестации кои ги посетуваат странци или луѓе од други градови. Овие луѓе ќе изберат стан за краток престој наместо хотел, од прости причини како што се попристапна цена, добра локација, опуштена атмосфера.
Од друга страна, сопствениците на становите имаат корист од сето ова, ако ги исклучиме можните штети во станот (иако секогаш можете да се обврзете со договор). Цените за изнајмување се во постојан пораст, а се движат од 20-25 евра во центар до 50 евра или повеќе, во зависност од локацијата и уредувањето на станот.
Сепак, она што треба да го знаете доколку сте сопственик, е дека треба да бидете во чекор со времето и барањата доколку сакате да привлечете клиенти и да поставите добра цена: односно, важно е станот да биде модерно опремен, со удобни кревети, клима уред, да има кабелска телевизија, интернет, добри кујнски елементи и прибор. Исто така, предност е доколку станот има (уредена) тераса.
Можеби ви изгледа напорно да го изнајмувате станот на нови луѓе на секои 3 дена, па во тој случај можете да се одлучите за изнајмување само во одредени денови - да речеме, викенди. Можете и да го рекламирате како сакате, на пример, СПА викенд за двајца во стан за еден ден, но во тој случај треба соодветно да го опремите.
Се подразбира дека во станот треба да имате џакузи, пријатна атмосфера, соодветна декорација итн. Секако, цената може да се движи од неколку десетици до неколку стотици евра.