Емил Тедески, претседател на Управниот одбор и сопственик на Атлантик Група, годишно добива околу 5 милиони куни бруто, што е во просек изнесува околу 55.000 евра месечно.
Платите на претседателот и на уште 5 членови на Управниот одбор ги објавиле самата компанија, јавуваат хрватските медиуми.
Потпретседателот на компанијата Невен Вранковиќ заработува околу 34.000 евра месечно, а другите членови на одборот - Зоран Станковиќ, Лада Тедески Фиорио, Среќко Накиќ и Енцо Смрекар - заработиле во просек околу 33.000 евра бруто месечно.
Инаку, Атлантик Група лани остварила приходи од продажба од 660 милиони евра, што е за 8,6 отсто повеќе од претходната година, а нето добивката изнесува нешто помалку од 58 милиони евра и е за два отсто помала. И покрај сите неизвесности на глобалната сцена, тие продолжуваат со сите инвестиции годинава, велат од компанијата.
Најмногу се истакнуваат инвестициите во технологија во Atlantic Štark, новите форми на пакување и редизајн на Цедевита и во новата фабрика Аргета во околината на Вараждин“, изјави Емил Тедески.
Стани дел од тимот на Атлантик Група! Во моментов компанијата вработува Унапредувач на продажба - Охрид/Струга и Специјалист за даноци!