Брендот Bulgari повторно ја презеде круната, создавајќи го најтенкиот механички часовник во светот, губејќи го пред неколку години од страна на Piaget.
Bulgari Octo Finissimo Ultra е многу „слабо“ ремек дело, создадено со помош на незамисливо мал механички механизам кој му помага на часовникот да ја одржи вкупната дебелина под два милиметри.
„Моравме да ги прекршиме правилата не само во поглед на дизајнот на подвижните делови, туку и на куќиштето, задната страна и деловите на склопување. За да постигнеме толку мала дебелина не само што моравме да го преиспитаме начинот на кој размислуваме, туку и да користиме и широк распон на вештини, да играме со повеќе материјали и да се прилагодиме на многу нови ограничувања” вели Фабрицио Буонaмаса Стиглиани, извршен директор на одделот за креирање производи во Bulgari.
Octo Finissimo Ultra е произведен во многу ограничена серија од само 10 примероци и ќе чини 440.000 долари.