КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 69 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи.
НОВ КОНКУРС ОД КАМ: 6 слободни позиции
Вести
-
Приватни тутори за децата на богатите во сад заработуваат цело богатство: За еден час и до илјада долари
По неколку години работа во финансискиот сектор и како трговец со акции во Њујорк, Стивен Менкинг чувствувал дека нешто недостасува во неговиот живот. Иако завршил престижно образование на колеџот Вилијамс со високи почести по математика и економија, а потоа работел во инвестициско банкарство, тој брзо сфатил дека не е подготвен да го жртвува балансот меѓу работата и приватниот живот за кариера на Волстрит.
-
Внимавајте со петардите: Какви штети предизвикуваат за воздухот, здравјето на луѓето и на животните?
Македонија и онака се соочува со алармантно загадување на воздухот, а употребата на петарди само ја влошува состојбата. Тие не само што го загадуваат воздухот, туку негативно влијаат врз здравјето на луѓето, животните и околината, со сериозни последици.
-
Плата над 7 илјади евра, работат од дома и немаат диплома - ќе се изненадите кои се најбараните работници
Побарувачката за луѓе кои ги разбираат податоците и знаат како да ги толкуваат за да го подобрат бизнисот далеку ја надминува понудата. Имено, доколку сакате да заработувате 7.000 евра месечно работејќи од дома, размислете за кариера како аналитичар на податоци.
-
„Недела неработен ден“ под ревизија – што би можело да се промени?
„Работодавачите бараат укинување на ‘недела неработен ден’, додека синдикатите инсистираат да остане непроменето. Одредени занаетчиски комори и други организации предлагаат ослободување на специфични дејности од ова правило. Оваа тема е предмет на дискусија во Економско-социјалниот совет, каде што редовно се одржуваат седници за разгледување на ваквите прашања
-
Wizz Air ќе отвара своја база во регионот: Еве која земја влезе во сериозни преговори
Валентина Кецман, директорка на аеродромот во Бања Лука, изјави дека аеродромот многу сериозно преговара со Wizz Air за отворање бази во Бања Лука, што би значело значително повеќе летови и линии, пишува Zamaero.
-
Празнични украси што штедат струја – како да блескате со помала сметка?
Со доаѓањето на празниците, домовите, улиците и деловните простории блескаат во бои и светлина. Сепак, магијата на празничните украси често доаѓа со високи сметки за струја.