Производите на Виталиа го најдоа патот до Африка! Оваа недела Виталиа ги направи своите први испораки до Нигерија, а веќе од следната недела производите на оваа македонска компанија за здрава храна ќе бидат извезувани и во Гана. Наскоро, луѓето во овие земји ќе можат да ја пронајдат здравата и вкусна храна од Виталиа на полиците во нивните локални маркети.
Разновидното портфолио, прифатливите цени и глобално признатиот квалитет ги препорачаа производите на Виталиа, која од година во година успева да ја прошири својата мрежа во повеќе земји ширум светот.
Виталиа е најголемиот производител на здрава храна во Македонија и еден од најголемите извозници надвор од земјата, со дистрибутивна мрежа која постојано се шири. Минатата година Виталиа за првпат се претстави во Јапонија, а оваа година за првпат учествува и на африканскиот пазар.
Целта на компанијата е да создаде производи за модерниот човек кој сака да се храни здраво, да ужива во полните, разновидни вкусови и притоа да го направи својот живот поквалитетен преку консумирање на она што е добро за него. Производите на Виталиа се наменети за различни генерации и целни групи, со цени адаптирани и достапни на просечниот купувач.