ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ во следниот период, низ интензивен дијалог во рамки на владеечката коалиција, своите политички активности примарно ги насочува кон утврдување на износот на минималната пензија, како и реализирање на програмските определби на партијата за подобро здравство и услуги за сите, особено за пензионерите.
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ на седница на Извршниот одбор, по констатирање дека е исполнета целта, од Програмата на ПП, за изменување и дополнување на член 37 од Законот за ПИО, со остварување на придобивката пензиите покрај со порастот на трошоци на живот да се усогласуваат и со порастот на просечната плата во земјата, донесе заклучок да ја интензивира својата политичка активност, во рамки на владеечката коалиција, за утврдување на износот на минималната пензија и донесување на нова методологија за начинот, формата и изворите на средства од кои таквата пензија ќе се исплаќа, со цел остварување на:
– ГАРАНТИРАН МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА СТАРОСНА И ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА 70% ОД МИНИМАЛНА ПЛАТА;
– ПРОСЕЧНА ПЕНЗИЈА 60% ОД ПРОСЕЧНА ПЛАТА;
– РЕДОВНА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИИ СО ПОНИЗОК ИЗНОС ОД МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈА (семејна, земјоделска).
Исто така, утврдени се и конкретните мерки, од областа на здравството, насочени кон континуирано подобрување на здравствените услуги и ослободување, или намалување на трошоците на пензионерите кои се корисници на таквите услуги.
извор: biznisvesti.mk