Министерството за економија согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2022 година објави два јавни повици за поддршка на домашните компании.
Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и за субвенционирање на занаетчии, кои што ќе траат заклучно со 6 мај 2022 година, односно еден месец. Поддршката од страна на Министерството за економија која што е предвидена за домашните компании.
Како што информираше министерот, условите на Јавниот повик за субвенционирање предвидуваат: да вработуваат најмалку три лица, односно најмалку две лица доколку апликантот е претпријатие во сопственост и управувано од жена, а ќе се кофинансираат 30% од докажаните трошоци направени за набавка на машини потребни за производствениот процес на, но не повеќе од 200.000 денари по барател.
Субвенционирани ќе бидат компаниите кои ги исполнуваат следите услови: да се компании со мнозински домашен капитал, не добиле државна помош, во претходните три години не биле субвенционирани преку јавните повици од КИП програмата на Министерството за економија, да се основани најмалку една година пред објавување на јавниот повик, да не работеле со загуба во 2021 година, ги имаат подмирано сите обврски кон државата, да не е покрената стечајна постапка за нив и се од дејноста – Преработувачка индустрија.
извор: biznisinfo.mk