Во текот на втората половина од годината, „Android 13“ ќе биде официјално достапен, што може да донесе интересна промена и да ги направи непотребни традиционалните „SIM“-картички.
Иако „eSIM“ е дел од комерцијално достапната технологија веќе шест години, прифаќањето на овој стандард не е на високо ниво. Има голем број телефони со поддршка за „eSIM“, но речиси сите ја имаат оваа функција покрај отворот за „SIM“ картичка, што го ограничува прифаќањето и употребливоста на „eSIM“.
Откриена е опција во кодот на „Android 13“, што сугерира дека „Google“ би можел да понуди начин за поврзување на повеќе провајдери на еден „eSIM“, во текот на следното големо ажурирање за „Android“.
Според истражувачот Михал Рахман, на „Android Open Source Project“ и на сајтот „Android Developers“ се откриени неколку референци кои укажуваат дека прифаќањето на споменатата опција е на пат.
Оваа опција најпрво може да се најде на идните „Pixel“ бета уреди.