Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка.
– Од почетокот на годинава е зголемена за 1.000,00 денари, а во однос на претходната година во
месец март е зголемена за 3.000,00 денари. Најголемо зголемување има кај исхрана и пијалоци и кај превозот, што значи си продолжува растот на истата, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.
За храна и пијалоци во март биле потребни минимум 15.780 денари, а за режиски трошоци 11.597 денари. Останатите пари од синдикалната минимална кошничка се за превоз, облека и за здравствени услуги.
И Државниот завод за статистика денеска излезе со најнови податоци за трошоците на живот и цените на мало. Според статистичките податоци, во март инфлацијата изнесува 8,8 проценти во однос на март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари, има зголемување за 1,6 проценти кај трошицте на живот и за 1,5 проценти кај цените на мало.