Пандемијата промени многу аспекти на работата засекогаш, но има една работа што не се промени – колку време трошиме само за „преместување хартии“.
Вработените посветуваат повеќе од половина од својот ден на „координирање на работата“, која вклучува следење на работите, барање информации и комуникација за работата, според истражувањето на производителот на деловни софтвери Asana Inc.
Иако постојат регионални разлики, Германците посветуваат помалку од својот ден на такви секојдневни задачи отколку Американците – резултатите се главно слични низ целиот свет: само околу една третина од работниот ден вработените го поминуваат правејќи го она за што всушност сме ангажирани.
Мелиса Свифт од консултантската компанија Мерсер за Блумберг вели дека „работниот ден станал доволно сложен, па мораат да трошат повеќе време само на бизнис менаџмент, а не навистина на водење бизнис“.
Глобалното истражување, спроведено на повеќе од 10.600 таканаречени „работници на знаење“ – аналитичари на податоци, графички дизајнери и слично – исто така покажа дека износот на времето поминато на стратегија или планирање однапред падна на 9% минатата година од 13% во 2019 година.
Ова делумно се должи на тешкотијата да се соберат различни, честопати асинхрони тимови во исто време. Но, тоа може да биде и затоа што на многу компании им е тешко да прават долгорочни предвидувања среде глобална пандемија и нејзиното влијание врз канцеларискиот живот.
Забележлив е пад на стратешкото работење, т.е. лидерите сега се повеќе посветени на „реагирање“.
Иако помалку или повеќе половина од работниот ден оди на „небитни задачи“, варијации постојат низ светот. Германците, на пример, поголемиот дел од денот го посветуваат – на вршење вистинска работа, отколку што е случајот со другите националности.
Од друга страна, тие трошат најмалку време на стратешко планирање.
Работниците во Јапонија и Сингапур, пак, ја предводеа групата со 10% од своето време посветено на стратегијата, но двете нации „потрошија“ најмногу време на координирање на работата. Свифт, консултант на Мерсер, истакнува дека компаниите се обиделе да го намалат времето поминато на координација, но без многу успех.
Бројот на состаноци, на пример, се зголеми за 70% за време на пандемијата, според њујоршката агенција.