Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.04/2022 за долгови доспеани до 31.12.2021 и неплатени до 31.03.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.04/2022 објавени се 1.568 должници – правни лица (помалку за 22 од претходната листа) и 3.134 физички лица (повеќе за 194 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2022 изнесува 7.998.346.191 денари, повеќе за 75.588.268 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.774.823.657 денари (повеќе за 51.526.569 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 223.522.534 денари (повеќе за 24.061.699 денари од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.