Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 25 степени.
Во недела под влијание на постудена и влажна воздушна маса времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер. Дневните температури ќе опаднат за 6 до 9 степени. Во почетокот на следната седмица утринските температури ќе бидат под нулата.
извор: makpress.mk