А тоа е многу едноставно – 2.806 денари нето-износ линеарно зголемување на сите плати од 1 мај, вклучително од општиот работник до претседателот на државата. Со ова ССМ докажува дека е доследен на неговото барање. Ги повикуваме и сите останати конфедерации, унии, синдикати, незадоволни работници, пензионери, да се придружат на првомајскиот протест. Ние, работниците, да ја сфатиме сериозно оваа порака – да излеземе на 1 Мај и да ги оствариме нашите права. Дали ова кажува дека е неопходно и што побрзо зголемување на сите останати плати?.
ССМ ги повика сите синдикати, конфедерации и унии да се приклучат на нивното барање кое, рече, е фер решение за сите три социјални партнери. Не ја исклучува можноста, протестот да прерасне во генерален семасовен штрајк доколку Владата и работодавците во јавниот и во приватниот сектор не одговорат на нивното барање. Генерален штрајк ќе значи, сите синдикати кои се во ССМ и онаму каде што имаат членови да прекинат со процесот на работа во работното време.
1 Мај се паѓа во продолжен викенд, но уште поубаво е сите да земеме зголемени плати. Се соочуваме со секакви криви – енергетска, економска, воена, уште ја имаме и КОВИД-кризата. Светот е погоден од голема рецесија и инфлација, но тоа не значи дека доколку се покачат платите дека ќе настане инфлација. Бидејќи знаеме дека цените на основните производи се ограничени, маржите се ограничени, даноците на производите се намалени и дојде време во ова невреме и на работникот да му се излезе во пресрет, додаде Димовски.
извор: bankometar.mk

.jpg)