Словенија е меѓу првите земји од Балканот кои се подготвува за укинување на последните рестриктивни мерки поврзани со пандемијата на ковид-19 во земјата. Ова меѓудругото го најави словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.
Во последните денови е многу присутен тренд на опаѓање на заразите и хоспитализациите, па за укинување на задолжителното носење маски во затворени простори одлуката би можела да биде донесена уште оваа недела, најави ресорниот министер.
Како што информираат медиумите наместо обврска, носењето маски во затворено би останало само како препорака, а би морале да се носат само во болниците и домовите за постари лица, наведе Поклукар во изјава за медиумите за актуелната епидемиолошка и здравствена ситуација.
Поклукар очекува претстојните летни месеци да поминат во знакот на „враќање на старото нормално“.
извор: slobodenpecat.mk