Најмногу отворени позиции за кандидати со средна стручна спрема
Со доаѓањето на летото покрај порастот на температурите скокна и побарувачката за професиите со т.н сезонски карактер. Побарувачката за продавачи најголема, а незанемарлив е и големиот интерес за келнери во екот на летната туристичка сезона. Високиот turnover во индустријата ги стави и програмерите помеѓу најбараните занимања кои го одбележаа месец јуни.
Изминатиот месец најголем број огласи беа објавени во категоријата Продажба (18,44%). На второ место се огласите во категорија Производни и занаетчиски услуги (11,82%), а веднаш потоа следат и категориите ИТ, телекомуникации (9,34%), Туризам и угостителство (6,62%) и Административни професии (5,55%).
Во јуни 2018 најголема беше побарувачката за продавачи, работници во производство, програмери, келнери и административни работници.
Што се однесува степенот на образование, на скоро една третина од објавените огласи се бараа кандидати со средна стручна спрема (32,53%). Преостанатиот дел од јунските огласи се однесуваа на кандидати со висока стручна спрема (19,21%) и кандидати со виша стручна спрема (6,5%).
Кога се зема предвид начинот на вработување и натаму доминираат огласите за вработување на полно работно време (80,57%).