Доколку вашиот акумулатор не успева да го запали автомобилот, голема е веројатноста тој да е испразнет. Доколку немате време да чекате помош на пат, потребно е да го направите следново:
Скршете неколку таблети аспирин и обидете се да ги пикнете во отворите на акумулаторот. Салицилната киселина реагира со сумпорната киселина во акумулаторот и веднаш ќе го врати во живот.
Откажувањето на акумулаторот не може да се предвиди. Но, постојат знаци што укажуваат дека тоа ќе се случи наскоро. Како да се спаси акумулаторот, како да се избере нов, како да се чува акумулаторот, сите овие одговори и многу други следуваат во големиот водич за акумулатори на Automedia.
Кога стартерот при палењето на моторот ќе испушти само едно заморено „клик“, тоа не е добар знак. Во тој случај акумулаторот е испразнет. Дефектот на акумулаторот е најчеста причина за онеспособувањето на возилата и за барање помош. На акумулаторот му е најтешко во зима, кога студот и влагата го ставаат пред големи предизвици.
Проблемите со акумулаторот би можеле делумно да се избегнат доколку постои начин за проверка кој со стопроцентна сигурност ќе потврди дали акумулаторот е исправен или расипан. Во принцип е тешко да се предвиди дефектот. Постои начин да се провери напонот, но тоа не кажува ништо за капацитетот на акумулаторот. Единствен начин за проверка колку „држи“ акумулаторот е тој да се отстрани од возилото, да се испразни со специјална техника и потоа повторно да се измери. Секако дека оваа постапка не е особено практична за возачкото секојдневие.
Затоа, пак, може да се почитуваат знаците што ги дава возилото и што укажуваат дека претстои проблем со акумулаторот. Кога стартерот ќе почне да врти побавно, акумулаторот мора итно да се наполни. Ако моторот некако успее да стартува, може да се извозат неколку кругови во времетраење од половина час и на тој начин да се спаси акумулаторот. Ако ни тоа не помага, приклучувањето на полнач е неизбежно, исто како и барањето помош и стартување со кабли со помош на акумулаторот од друго возило.
Правилото е: Избегнувајте куси возења и не претерувајте со потрошувачите
За тоа да не се случи, треба да се почитуваат неколку правила. Првото е: Избегнувајте возење на куси растојанија. Доколку секое утро се возат само неколку километри до работното место, акумулаторот се празни и се оштетува побрзо. За автомобилите што се паркираат во гаража се препорачува редовно дополнување со специјален полнач кој може да се најде во продавниците за авто-прибор. Акумулаторот ќе биде благодарен за тоа, особено во зима.
Автомобилите со систем старт-стоп имаат потреба од поголем акумулатор
Кога акумулаторот ќе испушти душа, единствено решение е замена. Но, и тоа не е толку едноставно. Порано беше лесно да се замени акумулаторот. Клемите од половите се откачуваат, акумулаторот се заменува со нов, клемите повторно се приклучуваат – и толку. Денес честопати има потреба од стручни познавања при замената, а може да се случи акумулаторот воопшто да не е таму каде што се мисли. Постојат модели каде што тој се вградува во багажникот или под седиште.
Не треба да се занемарува податокот за струјата за „ладен“ старт
Постојат големи разлики меѓу акумулаторите, не само во големината и во формата. Тоа што одговара за Fiat, нема да биде доволно за некој голем Mercedes. Освен во номиналниот напон, акумулаторите се разликуваат и во капацитетот што се наведува во амперчасови (Ah) и во струјата што е потребна за „ладен“ старт и се наведува во ампери (А). Не е правило дека акумулатор со поголем капацитет нуди поголеми резерви. При изборот може да се направи и мало отстапување подолу, на пример да се купи акумулатор со 44 место 47 Ah. Секако дека е подобро кога вредностите се поклопуваат со стариот акумулатор.
Својствата на акумулаторот зависат од материјалот на плочите
Ознаката ETN го олеснува барањето на соодветна замена за акумулаторот
Кај поновите акумулатори е олеснет изборот, благодарение на таканаречениот ETN (European Type Number). Оваа ознака ги содржи номиналниот напон, капацитетот, струјата при ладен старт, формата и положбата на половите. Доколку новиот акумулатор има ист ETN со стариот, замената може да се изврши безгрижно. Некои производители практикуваат да наведуваат и податоци за другите типови акумулатори што може да се користат, на пример според старата норма DIN.
Купувањето поевтин акумулатор се исплатува единствено кај возила што се одржувани редовно, имаат малку електрични потрошувачи и претходно не предизвикувале проблеми во зима.
скопје24.мк