Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 138 (55,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 29 (11,6 проценти) од нискоградба и 83 (33,2 проценти) за објекти за реконструкција.
На 146 (58,4 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 104 (41,6 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 440 станови, со вкупна корисна површина од 40.405 метри квадратни. Од нив 182 се планирани во Скопје, односно 115 во Општина Аеродром, 37 во Карпош, 12 во Илинден, 9 во Сопиште. По Скопскиот следи Полошкиот регион со нови 130 станови, од кои 104 во Гостивар.