Мостар денеска и официјално стана првиот од поголемите градови во БиХ во кои на продавниците им е забрането да работат во недела, а оние кои нема да ја почитуваат оваа одредба ќе бидат казнети до 1.500 евра
Мостар денеска и официјално стана првиот од поголемите градови во БиХ во кои на продавниците им е забрането да работат во недела, а оние кои нема да ја почитуваат оваа одредба ќе бидат казнети до 1.500 евра.
Инаку, оваа одлука предизвика различни реакции кај граѓаните.
Некои сметаат дека оваа одлука е апсолутно оправдана, наведувајќи дека најголем број жени работат во продавниците и тие немаат можност да поминат викенд со семејството.
Други сметаат дека во Мостар треба да се работи секој ден бидејќи е туристички град и дека правата на работниците може да се регулираат на поинаков начин, односно работниците да имаат слободни денови, а за оние кои сакаат да работат за викенди да се обезбеди двојна дневница по моделот на Западот.
Иако забраната за работа во недела стапи на сила, сепак постојат исклучоци, бидејќи одлуката на Град Мостар дефинира дека продавниците можат да работат и во недела со одобрение од надлежните служби, но во тој случај тие се обврзани да го затворат својот објект во некој друг ден од неделата.
Трговскиот центар Плаза во Бишќе Поље ја искористи оваа можност, па работи во недела, а во понеделник е целосно затворен.
Говорејќи за оваа одлука, градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, објасни дека идејата за забрана за работа во недела била со цел сите граѓани да имаат можност недела да ја поминат неделата со своите семејства.
Но, бидејќи ова прашање е тешко да се регулира, како што појасни, оставена е можноста продавниците кои ќе одлучат да работат во недела да мора да ги затворат своите објекти во друг ден.
Тој призна дека има притисоци од некои работодавачи кои имаат одредени потреби за прераспределба на работниците и работното време, но како што нагласи во тој контекст, има уште шест месеци во кои ќе се утврди дали и каде ќе има потреба и можност за доработка и измени на оваа одлука. Но, тој верува дека на крајот се ќе биде во ред, бидејќи како што нагласи „фидбекот“ на работниците од продавниците и синдикатите е позитивен и тие се среќни што оваа приказна е започната.
- Многу луѓе не контактираат и се задоволни што е донесена ваква одлука. Мислам дека ова ќе биде успешна приказна, – заклучува Кордиќ.