Владата на денешната седница го распиша наменскиот јавен оглас за доделување 5 722 хектари земјоделско земјиште во 14 региони, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Земјиштето ќе се дава исклучиво за одгледување стратешки култури: пченица, пченка, јачмен, сончоглед рж, ориз, маслодајна репка, добиточен грашок и тритикале.
Ќе се доделуваат, напомена министерот, 700 парцели од над три хектари.
Постапката за аплицирање ќе трае само 20 дена, а со јавното наддавање вкупно 30 дена.