Србија во моментов е во преговори со два производители на автомобили. Едниот е најголем европски, другиот светски производител
Ова пред неколку дена го изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ, најавувајќи нови големи инвеститори во земјата.
Се шпекулира дека во игра би можел да биде Фолксваген, кој пред неколку години беше заинтересиран да дојде во Србија. Овој германски гигант на почетокот на 2019 година го стесни изборот на земји во кои имаше намера да отвори нова фабрика.
Покрај Србија, првично во план беа и Македонија, Бугарија и Турција. Тогаш изборот беше стеснет на запад од Турција и Маниса кај Измир, а потоа плановите на гигантот беа нарушени поради пандемијата.
На прашањето за кои автомобилски компании може да се работи, Слободан Ачимовиќ, професор на Економскиот факултет во Белград, изјавил дека најверојатно се работи за Фолксваген, што беше актуелно и пред неколку години.
- Мислам дека Фолксваген тогаш ја избра Турција, но колку што разбрав на крајот се откажа од таа инвестиција. Во таа смисла, голема е веројатноста да зборуваме токму за таа инвестиција која беше актуелна пред неколку години. Ова укажува и на важноста на Фолксваген, бидејќи секоја паметна компанија инвестира во време на криза со надеж дека пазарот ќе почне да расте брзо, со, се разбира, целосно смирување на синџирите на снабдување во автомобилската индустрија и враќање на барем оние Ковид услови за бизнис, со оглед на тоа што ситуацијата во Украина дополнително го забави производството во автомобилската индустрија, заклучува за Курир професорот Слободан Аќимовиќ.