За само 4 месеци граѓаните извадиле од паричникот околу 700 илјади евра за набавка на биоразградливи кеси. Министерот за животна средина, рече дека оваа сума ќе се искористат за изградба на потребната инфраструктура за селекција на отпадот.
Сепак, помалите маркети и зелените пазари продолжуваат да им обезбедуваат на клиентите пластични кеси за носење производи. Некои од нив продаваат пластични кеси, кои треба да се отстранат од употреба, додека продажбата важи само за биоразградливите. Дека некои пазари не го спроведуваат законот, потенцира и министерот за животна средина, кој го повикува Инспекторатот да врши повеќе контроли и да биде поригорозен. И покрај ова, од Пазарниот инспекторат велат дека во првите 3 месеци од годинава биле извршени само 95 контроли, од кои, според нив, не се констатирани неправилности.
Во првиот месец од стапувањето во сила на Законот за амбалажирање и управување со отпад од пакување, Инспекторатот реализирал 340 контроли. Одлуката за укинување на употребата на пластичните кеси стапи на сила на 1 декември минатата година.
извор: alsat.mk